Мартин Поповски и неговиот тим Амичитија Цирих славеа победа против тимот на Арау со 31:27 во натпревар од првенството на Швајцарија.
Македонскиот репрезентативец Поповски играше цел натпревар како десен бек и одлично се снајде постигнувајќи 7. гола со кои беше најефикасен во победата на неговиот тим.