Аксел Ремон од Франција е победник на 50. јубилејно издание на Охридскиот маратон, откако делницата од 25 километри тој ја мина за време од 5:10.31 часа.

Аксел Ремон успеа прв да ја мине целта на Охридскиот маратон откаково супер финиш беше побрз од второпласираниот Едоардо Стокино кој имаше само една секунда заостанување. Нашиот Евгениј Поп Ацев заврши трет со само три секунди полошо време од победникот.



