Најсреќните луѓе во светот и натаму живеат во Финска според најновиот Светски извештај за среќата (World Happiness Report).
Скандинавските држави Шведска, Данска и Исланд, исто така се наоѓаат во првите топ 10 земји во светот.
Македонија е на 84-то место, додека од останатите земји од регионот, највисоко котира Словенија на 21-то место. Понатаму следат Косово кое е 29-то, Србија е 37-ма, Хрватска е 63-та, Грција е 64-та., Босна и Херцеговина е 65-та., Црна Гора е 76-та., Бугарија е 81-ва, а Албанија е на 87-то место.