Денес се одржа седмото издание на Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“ каде учествуваа близу 2000 тркачи од 28 земји.

Во штафетната трка на 21 километар во машка конкуренција тримфираше АК Делта (1:24:19ч.), пред Битолски бавни тркачи (1:28:16ч.). Во женска конкуренција првото место го освои штафетата „Сакаме тартан во Битола“ (1:53:55ч.) пред „Ohrid running team girls“ (2:04:18ч.) и „BFIT1“ (2:08:38). Во микс првото место го освоија “Poetry Run“ со време (1:41:58ч.)
