Тежок и неизвесен натпревар, но сосема заслужена победа на одбојкарките на ОК Пелистер Волеј и триумфот над ОК Македонија Макс со 1:3 по сетови (24:26; 26:24; 23:25; 8:25).
Во првиот сет битолчанки имаа 13 сервис грешки, но се останато беше на највисоко ниво, особено одбраната и нападите кои функционираа одлично. Во вториот сет исто така по серија на грешки Македонија израмни на 1:1.
Во третиот сет Пелистер Волеј заигра силно и експлозивно и го доби сетот со 23:25. Во четвртиот сет битолчанки прикажаа тотална доминација и сетот го добија со 25:8.Поените денес ги освоија: Стефани Најдановска 21, Ева Трпеновска 19, Ана Пејовска 15, Меланија Каралиоска 11, Ивана Белокозовска 9, Михаела Цветановска 3 и Андреа Стојановска 1поен.