Синоќа, на улиците во Велес, се одржа улична трка на ~пет (4,6) и на ~десет (9,2) километри насловена ,,Трчаме за Рацин”.
Истата се одвиваше на кружна патека од 1,5 километри, која тркачите ја поминаа по три, односно по шест пати во зависност од избраната дистанца.
Најкратко време на велешкиот бетон помина новинарот на ,,Јави се јужна”, Атанас Епов, кој оствари победа со време од 15:26 минути.
Во машка конкуренција на пократката трка, подиумот го комплетираа Миле Бачевски (15:42) и Григоријан Никовски (16:08).
Уште еден одличен настап имаше и вториот новинар на ,,Јави се јужна”, Марјан Туртуров (17:42), кој го зазеде седмото место.
Кај дамите, на пиедесталот се искачија Теа Божиновска (20:09), Марија Остојчиќ (20:42) и Марија Пеликон (21:25).
На подолгата трка, во завршен спринт, Јован Костовски (32:41) за една секунда му го ,,украде” триумфот на клупскиот колега од АК Делта, Мартин Трајановски (32:42), додека третопласиран беше Кокан Ајановски (33:11).
Во женска конкуренција славеше Биљана Кираџиева (36:25) пред Маја Рајчина (42:21) и пред Елена Димитровска (43:13).




