Сениорската машка ракометна репрезентација на Македонија ја победи Грција со 33-30 (18-15) на првиот од двата пријателски натпревари во рамките на подготовките за EHF EURO 2024.
Најефикасни во составот на нашата репрезентација беа Лазаревски со 8 и Ненад Костески со 6 погодоци.
Вториот пријателски натпревар со Грција се игра утре, но истиот ќе биде од затворен карактер.














