Одбојкарската репрезентација на Македонија со победа против Данска го започна Европското првенство кое се одржува во Скопје со 3:1 во сетови.
Данците го добија првиот сет откако нашите одбојкари почнаа во грч на почетокот од мечот. Но, потоа со фантастична игра ги добија наредните 3 сета за голема победа на премиерниот натпревар од Европското првенство.
Најефикасен кај нас беше капитенот Никола Ѓорѓиев со 17 поени, го следеше Александар Љафтов со 15 поени. Одлично одиграа нашите средни блокери Маџунков со 10 и Савовски со 9 поени.