Тренерот на Беневенто и легенда на Милан, Филипо Инзаги, изјави дека дуелите со ,,Росонерите” секогаш ќе бидат специјални за него. ,,Вештерките” во дуел од Серија А го пречекуваат клубот со кој Инзаги освои по две титули во Лигата на шампионите и италијанската лига.
Беневенто ужива што како клуб кој пред една година беше во Серија Б, а сега има дуел со лидерот на Серија А и успеаја да освојат бод против Лацио и Јувентус. Милан не знае за пораз.