Во рамките на 13. коло од Пионерската женска лига, екипата на Жрк Струга оствари победа на гостувањето кај Жрк Астибо со резултат 23:16.

Натпреварот се одигра во спортската сала „Тошо Арсов“ во Штип. Гостинките од Струга имаа предност уште на полувремето, кога резултатот изнесуваше 10:7. Во второто полувреме тие ја задржаа контролата на играта и постепено ја зголемуваа разликата за конечна победа.
Најефикасна во редовите на Струга беше Калина Симонoска со 7 постигнати голови, пред Ѓонеска и Ашталкоска Маја со по 4. Кај домашниот состав се истакнаа Неделкова Мелани и Донeва Сандра со по 5 голови.





