Пионерките Стружанка ќе играат за титулата на завршниот турнир, откако денес во полуфиналето беа подобри од екипата на Вардар.
Конечниот резултат на натпреварот кој се одигра во салата во населбата Автокоманда гласеше 22:21 (полувреме 13:13)
Во финалето ќе играат против врсничките на Ѓорче Петров кои беа подобри од Делчево Вардар во другото полуфинале.