Во кадетското четвртфинале кое се одигра во Струга тимот на Струга го совлада Бисинов со 31:28 и се пласира на Фајнл-фор турнирот за кадети.

Најдобри во составот на Струга беа крилата Јован Петрески со 12 и Филип Велјаноски со 8 и лидерот на тимот средниот бек Филип Мечкароски со 7 гола и неколку убави асистенции. Кај Бисинов се истакнаа Ристовски Александар со 9 и Ристески Панче со 7 погодоци.
