Еурофарм Пелистер освоија голем бод на гостувањето во Швајцарија против Кадетен Шафхаузен со гол во последната секунди за конечни 28-28.
Јосип Периќ беше спасителот на Еурофарм Пелистер со шестиот свој гол и донесе голем бод, иако едно време неговиот тим губеше и со осум разлика. Најефикасни во тимот на Кадетен Шафхаузен беа Зендер и Марос со по 8 гола, додека кај Еурофарм Пелистер се истакнаа Периќ со 6 погодоци и Мандалиниќ и Граџан со по 4.



