На вториот натпревар во „балонот“ на Златибор, битолчaни покажаа карактер, совладана е, убедливо, екипата на Сутјеска (93:73)
Историска победа на Пелистер во АБА 2 конкуренцијата. Стигна на вториот меч кој битолчани го играа на турнирот на Златибор во дуелот со Сутјеска.
Еден „нов“ Пелистер се појави во салата во ова туристичко српско место каде во изминатите пет дена се играше првиот од петте планирани т.н. „балони“ против вториот претставник од Црна Гора.
И стигна наградата, во облик на триумф против екипата од Никшиќ.