KK Пелистер во претпоследниот натпревар од третото коло, го совладаа мотивираниот Феникс 2010 со 86:74. Иако на стартот влегоа во двоцифрена негатива, и имаа „падни-стани“ ситуции во продолжението, кошаркарите на Пелистер сепак го пронајдоа патот до уште еден првенствен триумф. Против дебитантот во Првата лига, екипата на Феникс 2010, стигнаа до трет по ред, успех, кој ги држи на делба на позицијата број 1, заедно со екипите на Работнички и ТФТ, сите со максимален ефект (3-0).
ПЕЛИСТЕР – ФЕНИКС 2010 86:74