Во четврттиот натпревар, битолските „бело-зелени“ подобри од големиот ривал (88:80) за конечни (3-1) во полуфиналето, и серија за титула
ПЕЛИСТЕР – РАБОТНИЧКИ 88:80 (3-1)
Четврттиот натпревар од полуфиналата серија, беше и последниот во серијата помеѓу екипите на Пелистер и на Работнички. Битиолчани водеа во текот на целиот натпревар, на крај тоа го крунисаа со трет успех во пресметките со најтрофејниот македонски клуб, доволен за трет пат по ред, да се изборат за место во финалето. И по трет пат во серија да го предизвикаат неприкосновениот МЗТ Скопје Аеродром.

Планиниќ заврши со дабл-дабл ефект од 23.поени и 13.скока, го следеше одличниот Маслинко, реализатор на 20.поени, додека Најт и Мијовиќ го завршија натпреварот со по 11.реализации за Пелистер.
По 18.поени кај Работнички постигнаа Рикиќ и Декоузи, додека Ѓуроски заврши со 12.
ПРВА ЛИГА-МАЖИ-ПЛЕЈ-ОФ – ПОЛУФИНАЛЕ:
РЕЗУЛТАТ – ЧЕТВРТТИ НАТПРЕВАР
Пелистер – Работнички 88:80 (3-1)
*Сите серии во плеј-офот, се играат според принципот: „подобар од пет натпревари“ и системот „2-2-1“




