Во трката на 400м метри нашиот единствен преставник на Европското првенство во сала за Сениори-ки, Јован Стојоски кој настапи денес на првиот ден од Првенството во утринската сесија во втората од вкупно девет групи од квалификациите со резултат 48.60 се пласираше 6-ти во својата група.
Тој во трката успешно го одржуваше 4-тото место се до моментот кога имаше судир со Бенат Лоренцо атлетичарот од Италија кој му ја наруши рамнотежата по кое Јован не успеа да го задржи својот ритам.
Фото и извор: Атлетска Федерација на Македонија @afm.org.mk · Место со стадион, арена и спорт