Долгогодишниот македонски репрезентативец Дејан Пецаковски е најновото засилување на Тинекс Пролет, откако искусниот бек денеска потпиша едногодишен договор со нашиот клуб. Пецаковски доаѓања во Тинекс Пролет од редовите на Металург и сигурно ќе биде значаен адут во остварувањето на зацртаните цели – најпрвин пласман во плејофот, а потоа и атак на местата кои значат учество во европските купови.
„Доаѓам во добро организиран клуб, кој отсекогаш важел за незгоден ривал за фаворитите. Кога и да сум доаѓал овде, дали со Зомимак, Металург или со Вардар, секогаш било тешко да се стигне до бодови против Пролет. Се надевам на успешна сезона во новиот клуб“, истакна Пецаковски