Македонската голманка Бисера Паскал во израелскиот шампионат со нејзиниот тим Бнеи Херцлија славеше над Хапоел Ашдод со резултат 39-17.
Бисера Паскал бранеше во првото полувреме и имаше одлични 14 одбрани од 24 удари кон нејзиниот гол. Бнеи Херцлија се наоѓа на второто место пред стартот на плеј-офот.