Репрезентацијата на Шведска е совладаа фаворизираната Франција со резултат од 32:26. Франција имаше седум победи на седумте меча досега на Мундијалот, но налетаа на расположените швеѓани и ,,Триколорите” го загубија најважниот натпревар кој им гарантираше медал и финале.
За Шведска ова е само втора победа во последните десет дуели против Франција. Французите не можеа да сметаат на ѕвездата Карабатиќ кој е повреден и тоа се покажа како голем хендикеп за нив. Ване со 11 гола беше јунак на средбата и прв стрелец, додека Петерсон придонесе со 6 гола.