Еурофарм Пелистер вечерва го очекува последниот европски настап за оваа година во Лигата на Европа. Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Бидасоа Ирун се игра вечерва во салата „Боро Чурлевски“ во Битола со почеток во 20:45 часот.
„Се подготвуваме, го анализираме претходниот натпревар кој го игравме во Шпанија, каде навистина одигравме лошо. Се надевам дека утре со нови сили, цел тим ќе даде максимум и ќе се израдуваме на победа на домашен терен. Очекувам да ја заокружиме оваа полусезона со победа. Бидасоа Ирун има искусни ракометари, како што е Агинагалде, играат шпански систем на ракомет, кој можеби не е толку атрактивен за гледање, но секој си ја знае работата, добро се воиграни и носи резултати. Верувам дека имаме свои шанси и се надевам на победа“, изјави десното крило Гоце Ојлески.