Ракометарите на Охрид на домашен терен со сигурна игра го совлада Тиквеш со 29-24 во првото коло од новата сезона. Милошевиќ со 5 гола беше најефикасен, додека Андоновски, Шилегов и Николов го следеа со по 4 погодоци. Кај кавадарчани Трпчевски со 5 гола беше најефикасен.