Тинекс Пролет го претрпе и вториот пораз во низа во Супер-лигата, овојпат губејќи на домашен терен од Охрид со резултат 18:22. Пресудно беше слабото издание во нападот во второто полувреме, во кое што ракометарите на Тинекс Пролет постигнаа само шест погодоци, недоволно за триумф над лидерот во суперлигашката група.
Во побеничкиот табор на Охрид најдобар напаѓачки учинок имаше Кривокапиќ со 8 гола, него го следеше Тот со 7 гола, додека во тимот на Тинекс Пролет прв стрелец беше Давор Палевски со 6 погодоци, Аларов и Димов имаа по 3 гола, а Џонов два пати успешно стрелаше во противничката мрежа.