Охрид го доби дербито на 12. коло во групата А од Суперлигата против Тиквеш со 36-31. Најефикасен ракометар во Охрид беше десното крило Цирар со 9 гола, а одлична игра прикажаа и Шешиќ и Орјоникидзе кои дадоа по 7 погодоци. Стефановиќ со 7 гола беше прво име кај гостите во денешниот натпревар.
Еурофарм Пелистер славеше на гостувањето кај Бутел со 30-32 (полувреме 13-13). Најефикасни кај гостите беа Петровиќ со 8 и Ѓорговски и Пешевски со по 5 гола, додека кај Бутел најдобри беа Николов со 8 и Крстевски со 6 погодоци.
Прилеп го совлада Мулти Есенс дома со 33-30 (полувреме 12-15). Најефикасен кај победникот беше Кастратовиќ со 7 гола, додека кај Мулти Есенс Димовски, Димевски и Илиески дадоа исто по 7 погодоци.
Пролет одигра реми со тимот на Голден Арт 24-24. Најефикасен во тимот на Пролет беше Ласко Андоновски со 9 голови, додека кај Голден Арт најдобри денес беа Петар Стојаноски и Христијан Милошевски со по 6 погодоци.




