Ракометарите на Охрид го совладаа актуелниот шампион на Македонија Еурофарм Пелистер со 31:26 во финалето на Меѓународниот меморијален турнир „Крсте Андоновски“, што се одигра вечерва во прекрасен амбиент во исполнетата спортска сала „Билјанини извори“.
„Гладијаторите“ имаа водство во најголем дел од натпреварот, а на голот го имаа и одличниот Бојан Блажески кој беше прогласен за играч на финалето.
Бекот Иванковиќ кој беше прогласен за најдобар играч на Меѓународниот турнир „Крсте Андоновски“.




