ГРК Охрид потврди продолжување на договорите со уште пет ракометари, познати како „Гладијатори“. Гоце Ојлески и Даниел Ѓорѓески ќе останат дел од тимот до 2027 година, додека Наум Костов, Дејан Кукуловски и Темо Орјоникидзе ги продолжија договорите до 2026 година.
Покрај нив, за следната сезона со клубот веќе имаат валидни договори и капитенот Тасески, Чаневски, Јотиќ, Цирар, Бојаниќ, Шипинкоски и Ристески. Овие продолжувања се важен чекор за стабилноста и континуитетот на тимот во претстојната сезона.




