Македонскиот кошаркарски репрезентативец и интернационалец Ненад Димитријевиќ и официјално е претставен како нов играч на Баерн Минхен.
По престојот во Зенит Санкт Петербург и неодамнешниот раскин на договорот, 27-годишниот плејмејкер ја продолжува кариерата во Баварија.
Баерн Минхен се пофали со својата нова аквизиција, претставувајќи го Димитријевиќ како поливалентен бек со значајно европско искуство, стекнато настапувајќи за екипите на Олимпија Милано и Зенит. Воедно, македонскиот репрезентативец ќе биде директна замена за Спенсер Динвиди, кој неодамна го напушти клубот.




