Македонскиот интернационалец Димитар Димитриоски и во следната сезона ќе настапува за тимот на Ваљадолид во Асобал лигата.
Поради одличните игри Ваљадолид му понуди нов договор и нашето лево крило останува и наредната сезона во Шпанија.

Димитар во Шпанија пристигна на почетокот од 2022/2023 и нема намера да си замине од клубот каде игра одлично.




