Амичитија Цирих и Мартин Поповски славеа на гостувањето кај Берн со 25:26, во 20. коло на швајцарскиот шампионат.
Поповски беше одличен и со три погодоци по ред во последните минути беше еден од најзаслужните за триумфот.
Поповски кој оваа сезона игра на десната бековска позиција имаше 5 погодоци на овој натпревар и беше лидер во победата на неговиот тим.




