Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ го одигра најдобриот свој натпревар во Евролигата, каде со 22 поени ја водеше Олимпија Милано до победа против Реал Мадрид.
Милано славеше убедливо со 85-76 против големиот Реал Мадрид во 8 коло од Евролигата.
Ненад Димитријевиќ одигра извонредно прво полувреме во кое запиша 15 поени, дополнети со една асистенција, од кои 10 поени во втората четвртина.




