Никола Костески одигра нов одличен натпревар вкупно петти во десет дена. Денес Плзен славеше на гостувањето против минатогодишниот шампион Карвина со 24:26.
Костески беше повторно на високо ниво постигнувајќи 4 голови од 4 обиди во нападот со одлична игра во одбраната во текот на целиот натпревар.
При резултат 24:24 нашиот Костески го постигна и победоносниот гол, на 30 секунди од крајот од седмерец против одличниот Чешки репрезентативен голман Мартин Галија. Гол кој може да го погледнете во видеото во продолжение.