Вечерва во салата “Парк” одбојкарите на Струмица славеа победа од 3-0 над Капошвар, со резултат по сетови 25-19, 25-23 и 25-19 .
Најдобар поентер кај нас беше Никола Ѓорѓиев со вкупно 18 постигнати поени, пред Александар Љафтов со 11 поени.
Со оваа победа нашите одбојкари се на чекор до пласман во третата рунда од ЦЕВ купот.




