Македонскиот борач Магомедгаџи Нуров ина одличен настап на Медитеранските игри кои се одржуваат во Оран, Алжир.
Тој во категоријата до 97 килограми на стартот со 13:2 го елиминираше Мохамед Саадауи од Тунис.Потоа, со 10:0 триумфираше против Алжирецот Мохамед Фардж и Алехандро Канада Панкорбо и се пласира во полуфиналето и ќе се бори за медал.
Во полуфиналето Нуров ќе се бори против Мостафа Елдерс од Египет со почеток од 18.40 часот по македонско време.