Македонскиот борач Магомедгаџи Нуров се пласираше во големото финале во борење во слободен стил на Медитеранските игри откако со 6-1 во полуфиналето беше подобар Елдерс Мустафа од Египет.
Противник на Нуров во финалето ќе биде Фејзула Актурк од Турција. Со овој пласман во финалето Македонија осигура медал на Игрите во Оран, Алжир.