Денес во ПОУ “Јонче Крежески” во с.Мислешево , Струга традиционално се одржа Новогодишна забава со Дедо Мраз и базар во организацијата на наставниците и учениците со голема помош од Месната заедница.
На овој декемвриски, предновогодишен, убав, сончев ден, нашето училиште трепереше од детска возбуда, радост, смеа, весела песна и безброј насмевки. Ги пречекавме Дедо Мраз, Мики Маус и Спајдермен кои внесоа дополнителна позитивна енергија. Се пееја многу песни, се делеа многу подароци, а потоа реализиравме уште еден успешен предновогодишен базар на кој беа изложени украси и колачиња изработени од нашите ученици и нивните родители.
Изразуваме огромна благодарност до Месната заедница на с. Мислешево, локалното население, стопанствениците и луѓето од Дијаспората кои и оваа година несебично помогнаа и ги израдуваа нашите ученици со новогодишни пакетчиња. Среќни новогодишни и божиќни празници! Здравје, среќа и успеси во Новата 2024 година Ви посакуваат вработените и учениците од ПОУ “Јонче Крежески” – Мислешево. 🎄☃️❄️❤ – стои во објавата на училиштето.
Во продолжение уживајте во дел од атмосферата преку фотографиите на Александар Менкиноски.