Искусниот кружен напаѓач Пеце Ѓоргиевски е нов ракометар на Струга. Ѓорѓиевски во минатата сезона го носеше дресот на Тиквеш од Кавадарци.
Станува збор за поранешен младински репрезентативец кој потекнува од добро познатата прилепска ракометна школа, беше член на ТК Бренд, Пролет, Пелистер, потоа играше за Охрид, Работнички,Радовиш и Тиквеш.