Удинезе загуби со 2:1 на гостувањето кај Сампдорија, по што екипата на Илија Несторовски и во четвртиот обид не успеа да ја запише првата победа во 2021 година.
Македонскиот репрезентативец чекаше шанса од клупата за резерви, ја доби во 84-тата минута кога гостите го примија вториот гол. Сепак, Несторовски не можеше да му помогне на својот тим да го избегне деветтиот овосезонски пораз во Серија А.