Репрезентативецот, Бобан Николов на официјалната прес-конференција пред утрешниот натпревар против Романија во Букурешт ги истакна своите очекувања за првиот наш натпревар од квалификациите за Светското првенство.
Бобан Николов – репрезентативецот од средниот ред ја даде следнава изјава:
,,Се радувам на можноста да се видам и да настапувам против моите поранешни соиграчи кои ги знам долго време, јас дојдов во Романија на 12-13 години. Но, и покрај тоа што сме одлични пријатели утре на терен ќе бидеме вистински противници и нека победи подобриот. Може да кажам дека сум среќен што Букурешт ќе биде и наш домаќин на Европското првенство, имам многу пријатели тука кои знам дека ќе бидат наша вистинска поддршка.
Бод од утрешниот дуел не би бил лош резултат. Романија ја носи фаворитската улога, но ние имаме свои цели и секако дека одиме на позитивен старт на новиот квалификациски циклус” изјави Бобан Николов.
Фото и извор: https://ffm.mk