“Трчај бе” е градска трка во која што за Битола и нивниот Широк Сокак создаваат една нова убава спортка приказна. На 15 септември во Битола се одржa првата градска трка на 5 и 10 километри со 770 пријавени натпреварувачи, а денеска Битола и славниот Широк Сокак по втор пат масовно присуствуваа голем број на квалитетни спортисти и рекреативци.
На оваа спортска манифестација нашиот медиум јависејужна.мк имаше свои преставници кои што постигнаа значаен успех и на најдобар начин се промовираа себеси како и самиот медиум.
Спортскиот новинар, Атанас Епов на патеката од 5 километри заврши на подиумот како третопласиран со време од 00:17:22, а пред него се позиционираа Григоријан Никовски со време 00:17:12 на второ место и највисоко на подиумот заврши Кристијан Наумовски со истрчано време од 00:17:08. Епов освен тоа членува и во атлетскиот клуб 7 ноември од Гевгелија.

Одличен перфоманс и истрчано време имаше и вториот наш преставник Марјан Туртуров кој заврши на позицијата број 32 со истрчано време од 00:43:46 на 10 километри. Во оваа категорија првопласиран заврши Дарио Ивановски од АК Делта со време од 00:30:50, на второто место се позиционира неговиот колега од АК Делта Атанас Анчевски со истрчано време од 00:33:31 и на трето емсто заврши Кокан Ајановски со време од 00:33:57 од клубот NRC Nike + RUN CLUB.



