Вулверхемтон после двата порази по ред од Астон Вила и Ливерпул, вечерва на домашен терен им се врати на победите во Премиер лигата откако приреди изненадување совладувајќи го Челси со 2:1.
Челси на тој начин направија еден чекор назад во борбата за шампионската титула, моментно се на петтата позиција со 22 бодови, три помалку од водечките Тотенхем и Ливерпул кој својот меч ќе го имаат в среда.
Од друга страна, популарните „волци“ предводени од менаџерот Еспирито Санто ја обезбедија шестата победа сезонава за моментно деветто место (20 бодови).



