Немања Обрадовиќ:
Еурофарм Пелистер е клуб со голема традиција и амбиција и секоја година го забележувам напредокот. Минатата сезона нијанси решаваа. Среќата во спортот често е пресудна. Верувам дека оваа сезона можеме подобро да се претставиме. Нè има повеќе и ќе има повеќе ротации, но ќе има и повеќе натпревари.Коронавирусот го промени спортот. Навивачите во Битола се многу важен фактор. Сите знаат дека фановите тука се многу страствени и живеат за овој спорт. Ако ги имаме како поддршка на трибините, тоа ќе биде голем плус за нас.