Словенечкиот репрезентативец Нејц Цехте го продолжи договорот со Еурофарм Пелистер на уште една сезона и ќе ја започне третата година во дресот на македонскиот шампион.
Цехте пристигна во Битола во 2023 година од скандинавскиот клуб ГОГ Гудме, а претходно играше и за Горење и Хановер. Со Пелистер освои две шампионски титули, а во европските натпревари постигна вкупно 50 гола.
Стандардниот член на словенечката репрезентација ќе се приклучи на подготовките на крајот од јули.




