Потпретседателот на Јувентус, Павел Недвед, не успеа да ги смири нервите по завршувањето на мечот против Порто, шутирајќи едно од рекламните паноа покрај теренот на „Алијанц стадиум“ во Торино.
Јувентус втора година по ред испаѓа во оваа фаза, па Недвед не го сокри гневот од резултатот и некои судиски одлуки, па фрустрацијата ја истури врз рекламата која ја шутна како што ги шутираше топките во минатото. Ова е снимка од реакцијата на Недвед:



