Владо Недановски тренерот на Вардар, во пресрет на дерби-натпреварот со Еурофарм Пелистер од 4. коло на Суперлигата ги искажа своите очекувања:
-Кога се игра со најголемиот ривал, посебно на домашен терен, притисок секогаш постои. Ако се случи нешто лошо на дуелот со Пелистер, односно две изгубени дерби средби по само четири кола, ќе преземам одговорност и ќе одлучам што понатаму. Сепак, размислувам само на најдоброто и се надевам на победа, изјави Недановски на денешната прес-конференција.




