Легендарното десно крило на македонската репрезентација, Владимир Темелков, и во следната сезона ќе го носи дресот на Керјенг вицешамшионот на Луксембург.
Темелков наредната сезона ќе наполни 44 години и ќе игра и во Европа откако оваасезона го освоија второто место во шампионатот на Луксембург.
Темелков потекнува од Велес, кај нас играше и за Пелистер, пред да започне интернационална кариера во германските Фулинген, Вилштат, Балинген и Остриген, а во сегашниот тим е веќе 12 сезони.
Најдоброто десно крило во историјата на репрезентацијата на Македонија беше дел и од историското 5.место на Европското првенство во Србија. Прекина да игра после квалификациите за Европското првенство 2014 година откако од непознати причини не го повикаа на ЕУРО 2014 година.