Најдобрите македонски и светски судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов добија задача да ја делат правдата на полуфиналниот дуел меѓу селекциите на Данска и Шпанија на Европското првенство во ракомет. Натпреварот се игра во Будимпешта со почеток во 18 часот.
Второто полуфинале помеѓу Франција и Шведска ќе го судат Лах и Кох од Словенија.ЕХФ ги одреди и судиите за финалето, тоа ќе бидат Германците Тобијас Тонис и Роберт Шулц, додека натпреварот за бронзениот медал ќе го судат Вацлав Хорачек и Јиржи Новотни од Чешка.




