Убедлива победа на МЗТ Скопје во дербито со КК Пелистер Битола (82-62) со што му се реваншираа на противникот за минималниот пораз во Битола во првиот дел од Првата МТЕЛ лига.
Домашните доминираа од самиот почеток, па со агресивна одбрана и брза серија од 10-0 буквално го решија победникот уште во првите пет минути од средбата.
Најдобри пооединци со двоцифрен ефект кај МЗТ беа: Дион Едвин со18 поени, 5 скока, Андреј Магдевски со 16 поени, 10 скока, 5 асистенции и Андреј Маслинко: 15 поени, 5 скока. Кај Пелистер Стајиќ и Антоан со по 14 поени беа најефикасни.




