Челзи му го нанесе третиот последователен пораз на Тотенхем во Премиер лигата и тоа со резултат од 1:0. Тимот на Жозе Мурињо сега се наоѓа на осмата позиција со 33 бода и дефинитивно може да се отпише од трката за титулата.
Мурињо првпат во кариерата, односно откако менаџира во англискиот шампионат, загуби во два последователни натпревари на домашен терен. Прво Ливерпул пред една недела го освои северниот дел од Лондон со 3:1, а сега и градскиот ривал профитираше од лошата форма на Тотенхем.
Никогаш претходно како предводник на Челзи во два наврати, како и на Манчестер Јунајтед, Мурињо не дозволил двапати по ред да биде освоен неговиот терен, но во изминатава недела очигледно немаше решение како да намести тактика со која би освоил бодови.