Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов на денешната седница на Управниот одбор на РФМ најави дека и во иднина ќе остане на функцијата.
„Претходно најавив повлекување од позицијата, бидејќи девет години не се малку. Дававме максимум, но имавме и разочарувања, за мене неуспех беше тоа што не се пласиравме на Олимпијада и на Европското првенство во Загреб. Но, мислам дека ова не е вистинско време за повлекување од функцијата, по сите настани кои се случија во изминатите два месеци, но и обврските кои ни следат, а тоа се Европското првенство, кадетското Светско првенство и останати предизвици. Знам дека има мераклии за оваа позиција, но сметам дека политиката треба да се држи надвор од ракометот“. – изјави Живко Мукаетов.



