Победата над светскиот првак не носи само бодови, прво место во групата и пласман на Европско првенство, туку и дополнителна парична награда од Ракометната федерација на Македонија.
Имено, веднаш по натпреварот во Скопје, претседателот Живко Мукаетов им соопштил на ракометарите дека ќе добијат премија од 20.000 евра. Оваа награда е заслужена парична награда за историскиот подвиг кој ќе остане во аналите на македонскиот спорт.